iPad: Како да ја користите камерата

Како да ја користите практично камерата на вашиот iPad за да сликате одлични слики

Научете како да пристапувате брзо до вградената камера на iPad, како да сликате фотографија и да ја употребите како заднинска слика. Исто така ќе научите како да сликате селфи, како да избришете фотографија и како да уредите фотографија и да ја пратите кај некој пријател.

Пред да почнете

Камерата на iPad работи без оглед како го држите таблетот и во овој курс ќе го користиме режимот на портрет.

Во презентациите на овој курс се користи iPad без физичко копче Дома (Home button). Ако вашиот таблет е различен, некои од чекорите може малку да се разликуваат, но сепак ќе можете да ги следите.

Пред да почнете, бидете сигурни дека вашиот iPad е вклучен и целосно полн. Исто така, вашиот софтвер треба да биде ажуриран.

Камера на iPad

Како да ја отворите камерата од Екранот за заклучување

Кога iPad го покажува Екранот за заклучување (Lock screen) поминете со прстот налево за да ја отворите апликацијата Камера (Camera app).

  • iPad сè уште е заклучен, но можете да сликате фотографии
  • Можете да ги видите фотографиите што сте ги сликале, но не и албумот (camera roll)
  • Не може да се употребува ниедна друга функција сè додека не го отклучите iPad.
  • Додека апликацијата Камера е активна, камерата е вклучена и на екранот се прикажува она што камерата го гледа.
  • Камерата не снима видеозапис и не слика сè додека не го допрете копчето за Сликање (Capture button).

Како да сликате фотографија

Кога апликацијата Камера (Camera app) е отворена, iPad е подготвен да слика фотографија или да сними видеозапис.

  • Поминете со прстот нагоре или надолу преку режимите (modes) што се прикажуваат под копчето за Сликање (Capture) што се наоѓа десно од областа за преглед, за да сликате различни типови фотографии и видеозаписи.
  • Допрете го копчето за сликање (Capture button) за да сликате фотографија.
  • Оваа фотографија ќе се зачува во апликацијата Фотографии (Photos app).
  • Видете ја последната фотографија со допирање на квадратот што се наоѓа лево од копчето за Сликање (Capture button).

Како да употребите фотографија како заднина на iPad

iPad треба да биде отклучен за да го правите ова. Ако апликацијата Камера (Camera app) е отворена, поминете со прстот нагоре за да се вратите во Екранот за заклучување (Lock screen) и потоа отклучете го користејќи ја вашата лозинка (passcode).

  • Отворете ја апликацијата Поставки (Settings app) од Почетниот екран.
  • Прелистајте го менито на Поставки (Settings menu) за да ја најдете опцијата Тапет (Wallpaper) и допрете ја.
  • Допрете на Избери нов тапет (Choose a New Wallpaper).
  • Опцијата Неодамнешни (Recent) на оваа страница ги покажува последните неколку фотографии сликани на вашиот iPad.
  • Допрете и одвлечете некоја фотографија на нејзиното место на екранот и допрете Постави (Set).
  • Можете едноставно да ја поставите на Екранот за заклучување (Set the Lock Screen), да ја Поставите на Почетниот екран (Set the Home Screen) или да ја Поставите на двете места (Set Both).
  • Вратете се на Почетниот екран за да ја видите новата заднина.

Како да сликате селфи

Од Почетниот екран отворете ја апликацијата Камера (Camera app). Имајте предвид дека можете исто така да пристапите до камерата преку иконата на камера во Контролниот центар (Control Centre). Отворете го Контролниот центар (Control Centre) со минување со прстот надолу од горниот десен дел на екранот.

  • Допрете го копчето Префрли камера (Switch Camera) што се наоѓа над копчето за Сликање (Capture) за да извршите промена од задна на предна камера.
  • Допрете го копчето за Сликање (Capture) за да сликате селфи. Запомнете да ја гледате камерата во горниот дел на iPad (кога го држите во режим на портрет), наместо да го гледате екранот.

Како да прикажувате и бришете селфи во апликацијата Фотографии

Отворете ја апликацијата Фотографии (Photos app) од Почетниот екран. Апликацијата Фотографии (Photos app) ги претставува фотографиите на различни начини, но приказот Сите фотографии (All Photos) ги прикажува сите фотографии во мрежа, а најновите се наоѓаат во долниот дел.

  • Допрете на некоја селфи за да ја прикажете во режим на полн екран (full screen)
  • Поминете со прстот лево или десно за да ја видите претходната или следната фотографија
  • За да избришете некоја фотографија што не ви се допаѓа, допрете го копчето Избриши (Delete) што се наоѓа во горниот десен дел на екранот и потврдете дека сакате да ја Избришете фотографијата (Delete Photo).

Како да уредувате фотографии во апликацијата Фотографии

Отворете ја апликацијата Фотографии (Photos app) и изберете ја фотографијата што сакате да ја уредите. Секојпат кога ќе сакате да уредите некоја фотографија, најпрво ќе треба да допрете на Уреди (Edit) во горниот десен агол, за да се појават некои контроли за уредување.

  • На левата страна на фотографијата копчето за отсекување (Crop button) ви овозможува да ја потсечете фотографијата на големина што претпочитате.
  • Во Режимот за потсекување (Crop mode) движете ги белите линии за да ги измените рабовите на фотографијата.
  • Допрете на Откажи (Cancel) и потоа на Отфрли промени (Discard Changes) за да ги поништите сите промени во уредувањето.
  • Допрете на Готово (Done) за да ја зачувате уредената фотографија наместо оригиналната.
  • На претходно уредена фотографија допрете на Врати (Revert), а потоа Врати на оригинал (Revert to Original) за да ги поништите сите уредувања.

Како да споделите фотографија со пријател

Можете директно да му пратите фотографија на некој пријател користејќи го Менито за споделување (Share menu), што се појавува кога некоја фотографија се прикажува во полн екран во апликацијата Фотографии (Photos app). Допрете ја иконата на Споделување (Share icon) за да го отворите скок-панелот на Споделување (Share pop-up panel).

  • Панелот за споделување (Share panel) има неколку опции. Допрете ја иконата на Пораки (Messages icon) за да ја употребите апликацијата Пораки (Messages app) за да ја пратите фотографијата.
  • Ќе се појави скок-панелот на Нова порака (New Message), со веќе поставена фотографија.
  • Напишете го името на примателот во полето До (To), а потоа допрете во близина на фотографијата за да додадете порака.
  • Допрете на стрелката Испрати (Send) кога ќе бидете подготвени. Апликацијата Пораки (Messages app) ќе се затвори и апликацијата Фотографии (Photos app) ќе се појави повторно.
Ако вашиот iPad е модел што не прима SIM-картичка, тогаш можете само да праќате пораки како прилози преку апликацијата Пораки (Messages) кај лица кои исто така користат уред Apple. Ова вклучува корисници на iPhone, iPad и компјутери Mac.